Во скопска апелација се одржува јавна седница за предметот против Васил Јованов за трговија со дрога откако претходно на 7 мај Врховниот суд ја укина пресудата со која осуден на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога. Неколку дена подоцна Кривичен му пресуди на Јованоц 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова
Врховен ја укина пресудата на Апелација за дрогата затоа што не го известила обвинетиот Васил Јованов и неговиот адвокат дека ќе се одржи седница, иако тој побарал, а донеле одлука со што ги повредиле одредбите на кривичната постапка во жалбена постапка, како и правото на еднаквост на оружјата и правото на правично судење.