Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
Тој додаде дека Националната гарда ќе биде распоредена во Калифорнија сè додека е потребно. Трамп повтори дека ако не ја испрател Националната гарда, Лос Анџелес сега би горел до темел.
Трамп повторно ги нарече демонстрантите „платени бунтовници“ и „предизвикувачи на немири“.
Имаме луѓе кои ве гледаат во лице и ви плукаат право во лице, тие се животни, и тие се платени бунтовници, тие се платени предизвикувачи на немири, тие се агитатори, тие се платени, наведе Трамп.