Клеман Ленгле спогодбено го раскина договорот со Барселона, па кариерата ја продолжува во Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Францускиот дефанзивец импресионираше изминатата сезона, кога играше за Атлетико како позајмен играч. Во минатото Ленгле играше за Севилја и Нанси, а беше и на позајмици во Тотнем и Астон Вила.
За француската репрезентација досега одигра 16 натпревари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.