Вести Свет

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Израел планира брза депортација на шведската активистка Грета Тунберг и уште 11 активисти по нивното приведување во близина на своите територијални води.

Министерството за надворешни работи на Израел објави дека активистите од јахтата „Мадлен“, меѓу кои е и Тунберг, ќе бидат спроведени до пристаништето Ашдод и од таму ќе бидат депортирани преку аеродромот Бен Гурион.

„Бродот безбедно плови кон бреговите на Израел. Се очекува патниците да се вратат во своите матични земји“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.
„Селфи јахтата што ја превезува Грета Тунберг и други таканаречени „популарни личности“ го продолжува своето патување кон израелско пристаниште“, се вели во соопштението.

Правниот центар Адала, кој се залага за правата на арапските малцинства во Израел, побара итна информација за локацијата и статусот на притворените активисти. Од центарот нагласуваат дека бродот никогаш не влегол во израелски територијални води ниту пак имал намера тоа да го направи.

Адала бара итно откривање на правниот статус на активистите, нивно право на правна помош и застапување – се наведува во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе