Вести Свет

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом најави тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на Националната гарда во Лос Анџелес без согласност на државата.

Њусом најави дека на суд ќе ја оспори извршната наредба на Трамп со која ја федерализирал калифорниската Национална гарда без да се консултира со државната власт.

Во таа наредба и во документот издаден од Пентагон јасно е наведено дека тие мора да се координираат со гувернерот на државата. Тие никогаш не го направија тоа, посочи Њусом.

Тој наведе дека Трамп е „неодговорен и неморален“ и оти ги загрозува животите.

Трамп нареди испраќање на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес без согласност од гувернерот на Калифонија. Таква мерка беше преземена пред 60 години, кога тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон нареди распоредување на армијата и Националната гарда во Алабама за да ги заштити 10.000 учесници во маршот за граѓански права, предводени од Мартин Лутер Кинг.

Властите во Лос Анџелес ги повикаа демонстрантите да останат смирени додека Националната гарда е распоредена во градот.

Потпретседателката на Владата на Калифорнија, Елени Куналакис истакна дека „тоа што се случува во Лос Анџелес не е прашање на безбедност, туку заплашување“.

Бидете смирени. Не му давајте на Трамп она што го сака. Нашата сила е во единството, а не во хаосот, посочи Куналакис.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе