Од обвинителството соопштија дека денеска во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани почна сослушувањето на застапниците на загинатите и повредените. Сослушувањата се спроведуваат во три града.
„Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani”“, информираа од обвинителството.
Роднините на загинатите на последниот „Марш на ангелите“ во саботата соопштија дека нема да даваат официјални изјави до крај на истрагата за „Пулс“ кога ќе соопштат став.
View this post on Instagram