Вести Култура

Недостасуваат конзерватори во македонските музеи

Музејските работници во Македонија го дочекаа 18. Мај- Меѓународниот ден на музеите со дефицит на кадар за конзервација и реставрација на артефактите и делата од збирките. Има конзерватори , но не во доволен број во МСУ, Музејот на Македонија, Археолошкиот музеј и Националната галерија на Македонија, вели претседателот на Македонскиот национален комитет на ИКОМ. Според него, ова е проблем што се провлекува со години.

  • Тоа е голем проблем кој се одолговлекува последниве десетина години. Значи, се помалку и помалку конзерватори се заинтересирани, т.е. луѓе кои што се заинтересирани за да работат на конзервација на дела, вели Благоја Варошанец, претседател на МНК-ИКОМ.

Според Варошанец, проблем до 2016 година биле и депоата во музеите, каде се чуваат вредните експонати, но  состојбата полека се поправа преку грантови и поддршка од државата. Целта е , вели претседателот на МНК-ИКОМ, нашите музеи да ги достигнат светските стандарди околу чувањето, заштитата и презентацијата на нашето вредно културно наследство. Но, тоа не е нивната единствена функција, што ја диктира новото време, кажа Здравко Стојкоски, кустос- историчар во Музејот на Македонија.

  • Треба да бидат двигатели на економскиот развој, креатори на нови иновации, на нови технологии, да соработуваат со науката и образованието и да помагаат во изградбата на едно поинклузивно и поодржливо општество, рече Здравко Стојкоски, кустос- историчар во Музејот на Македонија.

Темата со која светот годинава го одбележува Меѓународниот ден на музеите е „ Иднината на музеите во заедниците кои брзо се менуваат“. Оваа тема соодветствува со едукативниот карактер на публикацијата за Кузман Јосифовски – Питу, еден од двигателите и организаторите на антифашистичката борба за ослободување на Македонија во Втората светска војна, чиј автор е Стојкоски. Таа денеска беше промовирана во Музејот на Македонија.

  • Главната цел на книгата „ Кузман Јосифовски- Питу : Животна приказна“ е томку тоа. Таа да послужи како прирачник во образованието и за музејска едукација, кажа Даниела Трајкова- Крстиќ, промотор на публикацијата.

Според програмата за инвестиции на ресорното министерство за 2025 година , Музејот на Македонија е единствен од сите во државата , за кој се издвоени средства за поправка на кровот што протекува со години, во висина од 15 милиони денари или околу 244 илјади евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе