Со спектакуларен настап во венчаница со бисери и бела крзнена шубара, швајцарскиот уметник Немо – победник на Евровизија 2024 – го отвори финалето на Евровизија 2025, кое се одржува во Швајцарија.
По неговиот настап следеше дефиле на финалистите, кои вечерва ќе се претстават пред европската публика во четиричасовна програма.
Финалето го отвора Норвешка, а го затвора Албанија. Меѓу фаворитите се и Австрија (бр. 9), Финска (13), Шведска (23) и Франција (24).
Настанот, како и секоја година, се следи од милиони гледачи низ цела Европа и пошироко, а победникот ќе биде избран преку комбинирано гласање на стручните жирија и публиката.