Анте Ристески во 2005-та година е осуден на доживотен затвор за две убиства извршени во Малкоец и во Кичево. Тој заедно со неговиот другар Игор Мирчески беа осудени иако признаа само едно злосторство, а второто го негираа и тврдеа дека се наместени. Игор почина во затворот Идризово, а Анте се уште ја одлежува казната.
КОД пред повеќе од 6 години во неколку истражувања откри дека за второто убиство за кое двајцата добија доживотни казни- не биле земени предвид ослободителни докази, ДНК анализи. КОД користејќи ги податоците и анализите во повеќе судови низ Македонија и повеќе медициснки наоди утврди дека убиецот на жената Митра Силјаноска е новинарот Владо Танески кој се самоуби во кофа со вода во тетовскиот затвор.
Анте Ристески се обидува преку тие откритија да добие нов судски процес за да му се поништи казната за убиството кое не го извршил. Но, правдата не може да ја добие во Македонија, па над две децении ја издржува казната во Идризово. КОД за истражувањето доби Европска награда за истражувачко новинарство во 2019-та година. КОД и понатаму истражува зошто нема нов судски процес иако ги приложивме доказите за убиството на Митра Силјановска .Интервју со Анте Ристевски на кој затворот му дозволи да говори на телефон направи Миомир Серафиновиќ но и нови детали од оваа сторија.
Кој ја запали куќата на директорот на Управата за санкции Александар Пандов ? Ова прашање не е официјално одговопрено а неофицијално е дека нарачатели се затвореници но кои? Не е првоп палење како предупредување , беа запалени автомобили на директорот на Идризово како и на затворски чувари.
Во Интервју за КОД Пандов не посочува кои се нарачателите на палењето, но зборува за проблемите со кои се соочува Управата за санкции во затворите. Од подмитениу затворски чувари до оние кои земаат плата но не доаѓаат на работа , се води истрага за неколку затворски полицајци а не е исклучено некои од нив да учествувале и во овозмужувањето на осуденик да се јави и да го нарача палењето. Ги снимивме и алките за пробација кои се уште не се во функција и каков е планот за изградба на новите крила во Идризово.
Емисијата беше емитувана на 11.05.2025.