Емисии Забава Магазин Македонија

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што и укажува популарното „емоџи“ во името, целта на ова шоу е хуморот, но пренесен низ размислувањата на најмладите.

– Начинот на којшто децата комуницираат, на којшто ги опишуваат работите со типично свои, оригинални, зборови, е неизмерно богатство и токму тоа е клучна инспирација за оваа емисија. Секогаш е многу забавно да се разговара со нив, особено за оние теми што ние возрасните ги нарекуваме „сериозни“, а за најмладите се нешто сосема поинакво. Тие кон нив не пристапуваат како ние, со некоја тежина, туку им приоѓаат со леснотија и верувам дека баш тоа успеваме да го пренесеме преку емисијата. Без разлика што не се искусни како нас возрасните, ова шоу покажува оти можеме многу да научиме од тој нивен искрен пристап – вели Коцев.

Како општествено-одговорна компанија, една од целите на  „Макпетрол“ отсекогаш била да обезбеди поддршка на различни проекти од културната, музичката и од уметничката сфера. Со поддршката на детското шоу „ЛОЛ“, компанијата ја продолжува оваа традиција во насока на внесување свежина во домашниот телевизиски етер, како и овозможување да се слушнат идеите на најмладите генерации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makpetrol Ultra (@makpetrol.ultra)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција – почнува самитот „Македонија 2025“

Дејан Дејан

Полицајците излегуваат на протест – бараат повисоки плати

Дејан Дејан

Кошта од денеска до 16 мај низ Западен Балкан – в четврток во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе