Вести Култура

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Третманот на децата во образовниот систем денес е темата на камерната претстава „Гидионовиот јазол“, чија премиера ќе се одржи утревечер на малата сцена во Драмски театар. Наградениот текст од американската критика на авторката Џона Адамс, според драматизацијата на Викторија Рангелова Петровска, го постави режисерката Драгана Милошевски Попова. Тој зборува за меѓучовечката комуникација, загубата, универзалноста на болката и одговорноста.

„Целата позиција на детето во општеството за мене е многу важна. Се разбира и како мајка, но и како човек кој е одговорен, пред сѐ да проговори на различни теми кои што не мора секогаш да бидат пријатни“, изјави Драгана Милошевски Попова.

Дејствието во оваа дуо драма е фокусирано на средбата меѓу мајката Корин, во изведба на Билјана Драгичевиќ Пројковска и наставничката Хедер, што ја толкува младата Ања Митиќ. Средбата е по случена трагедија за која се бараат причините и виновникот. Преку повеќеслојниот текст се отвораат и прашања за цензурата врз талентираните деца на училиште и за проблемите пред кои се исправени при растењето.

„Зачнуваме една тема која што ја оставаме со отворена врата. Што значи тоа? – Дека решение нема, дека можеме ние да го приближиме она што се случува во општеството, пред сѐ, и во училиштата. Меѓутоа, решението сепак останува зад отворени врати, т.е. дека секој треба да види каде е неговата грешка“, изјави актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска.

„Оваа наставничка која што можеби не успеала до крај да воочи некои работи. Можеби, едноставно, толку умеела во тој момент. Тоа е, исто така, уште едно прашање кое што го отвора оваа претстава преку мојот лик, понекогаш кој е наставниот кадар“, вели актерката Ања Митиќ.

Во претставата настапуваат и деца од драмското студио „Прва проба“. Сосема оправдано, за да нè потсетат како се однесуваме кон најмладите на кои им ја препуштаме иднината и каква ќе биде таа за сите нас, доколку не се грижиме и разбираме едни со други.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Бел чад од Сикстинската палата – Избран нов Папа на римокатоличката црква

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе