Третманот на децата во образовниот систем денес, е темата на камерната претстава „ Гидионовиот јазол“, чија премиера ќе се одржи утре вечер на малата сцена во Драмски театар. Наградениот текст од американската критика на авторката Џона Адамс, според драматизацијата на Викторија Рангелова- Петровска, го постави режисерката Драгана Милошевски- Попова. Тој зборува за меѓучовечката комуникација, забугата , универзалноста на болката и одговорноста.
- Целата позиција на детето во општеството , за мене е многу важна. Се разбира и како мајка, но и како човек кој е одговорен, пред сѐ да проговори на различни теми , кои што не мора секогаш да бидат пријатни, кажа Драгана Милошевски- Попова, режисерка на претставата.
Дејствието во оваа дуо драма е фокусирано на средбата меѓу мајката Корин, во изведба на Билјана Драгичевиќ- Пројковска и наставничката Хедер, што ја толкува младата Ања Митиќ. Средбата е по случена трагедија, за која се бараат причините и виновникот. Преку повеќеслојниот текст се отвораат и прашања за цензурата врз талентираните деца на училиште и за проблемите пред кои се исправени, при растењето.
- Зачнуваме една тема која што ја оставаме со отворена врата. Што значи тоа? Дека решение нема, дека можеме ние да го приближиме она што се случува во општеството пред сѐ, и во училиштата. Меѓутоа, решението сепак останува зад отворени врати, т.е. дека секој треба да види каде е неговата грешка, рече Билјана Драгичевиќ- Пројковска, актерка.
- Оваа наставничка која што можеби не успеала до крај да увиди некои работи. Можеби, едноставно толку умеела во тој момент. Тоа е исто така уште едно прашање кое што го отвора оваа претстава преку мојот лик, понекогаш кој е наставниот кадар, вели Ања Митиќ, актерка.
Во претставата настапуваат и деца од Драмското студио „ Прва проба“. Сосема оправдано, за да не потсетат како се однесуваме кон најмладите на кои им ја препуштаме иднината и каква ќе биде таа за сите нас, доколку не се грижиме и разбираме едни со други.
Сотир Трајков