Култура

„Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“, дебата во КСЦ Јадро

Во КСЦ Центар Јадро денеска ќе се одржи јавна дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска.

  • Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција Јадро Центар. Со последните промени, новоименуваното Министерство за култура и туризам ја откажа проектната програма за интердисциплинарни проекти и повеќекратно ја намали поддршката за проектите на Независната сцена. Во услови на зголемена поларизација, на повлекување на странските донатори, на пренасочување на вниманието кон најранливите актери, потребата од засилена помош за Украина, Независната сцена се соочува со закана за нејзиното опстојување, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, целта на оваа јавна дебата е да се преиспита и уште еднаш да се укаже на важноста од постоењето на независната сцена за културната демократија, плурализмот на уметнички изрази и развојот на критичкото мислење.

  • Независната културна сцена е цветот на современата култура, зародиш на иновативни и експериментални културни практики и промотор на македонската креативност во светот. Потребен е поголем слух за нејзината важност, системска поддршка и стабилни услови за развој од сите нивоа на власт, се вели во соопштението.

Јавната дебата е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Центар Јадро Скопје. Поддржан е од програмата „Ваха 3: Усвојување на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“. Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и „Европската културна фондација“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стаматоски целиот свој живот го посвети на заштита на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Aктерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски ќе ја добијат наградата за животно дело на МТФ„Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Времено запрена работата на Центарот за култура во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе