Со натпреварот меѓу Вардар и Струга се отвора 31. коло во домашниот фудбалски шампионат.
За двата ривали ова е првиот од двата меча што ќе ги одиграат во следниве две недели. Денешниот е закажан за 17 часот и ќе се игра на терените на тренинг центарот Петар Милошевски додека вториот е на 21. овој месец во финалето на Купот на Македонија.
Останатите натпревари се играат утре, а по повлекувањето на Воска Спорт и Гостивар на програмата се три дуели и тоа Брера – Шкупи, Шкендија – Работнички и Тиквеш – Беса.
Сите средби почнуваат во 17 часот.
ФОТО: Игор Паневски