Вести Македонија Најважни

Македонија денеска го презема претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива

Македонија денеска од Грција го презема претседателството со Јадранско-јонската група за соработка, иницијатива на ЕУ за регионална соработка во која земјава стана член по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Развојот на транспортните коридори во регионот, одржлив туризам и заштитата на животната средина се дел од основните столбови на оваа Иницијатива.

Македонското претседавање доаѓа во клучна година, во која Европската комисија подготвува нова стратегија со која Јадранско-јонската иницијатива ќе се усогласи со останатите европски инструменти за забрзување на регионалната соработка и приклучување на Западниот Балкан кон ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инертни институции – мачени и убивани животни

Дејан Дејан

Жителите на радовишките села Бучим и Тополница бараат изградба на ветениот водовод

Дејан Дејан

Иран: Влегувањето на САД во конфликтот би било опасно за сите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе