Вести Македонија Најважни

Македонија денеска го презема претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива

На маргините на 10-от годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција.

Станува збор за прво претседателство откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка, а нашата делегација ја предводи министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Министерот Муртезани ќе учествува на церемонијата на примопредавање на претседателството, на панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 година и ќе трае една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали предвремени избори се решение за излез од кризата во Србија? – Богдановиќ и Илиевски во „Да си кажеме“

Дејан Дејан

Стручен тим ќе работи на деблокада на процесот за доизградба на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Дејан Дејан

Протест на оризопроизводителите – велат дека надлежните ги манипулираат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе