Вести Македонија Најважни

Утре средба Мицкоски и Таравари – Филипче во трка со проверен тим

Утре ќе се знае дали Алијанса за Албанците останува во Владата или ќе замине во опозиција. На долгоочекуваната средба меѓу премиерот и министерот Таравари, ќе бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав.

ВМРО-ДПМНЕ задутре ќе имаат седница на Извршниот комитет на партијата, на која ќе почнат да ја формираат структурата на републичкиот изборен штаб. Анкетите и селекцијата траат, а Мицкоски планира до крајот на јуни да ги посети и сите општински комитети. Очекува до крајот на мај да бидат познати 90 проценти од имињата на кандидатите за градоначалници, по што ќе излезе со предлозите   пред Извршниот и Централниот комитет.

По положувањето на цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“, се поздравија со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој исто така положи цвеќе. Тој, пак, рече дека и кај нив процесот за селекција е почнат и деновиве ќе ги објават првите имиња. Повеќето од актуелните градоначалници, ќе влезат во трка за уште еден мандат.

Филипче ја чека разврската на случувањата во владејачката коалиција, по што ќе се знае дали ќе соработуваат и со Таравари.

И двајцата ја осудија воинствената реторика на Али Ахмети, кој деновиве повторно се заканува дека ДУИ ќе ја дестабилизираат државата ако екс министерот Крешник Бектеши биде осуден за пожарот во Кочани или Уставниот суд расправа за Законот за јазиците. Мицкоски му порача на лидерот на ДУИ да не гледа во минатото, туку во иднината и ако е мудар, како што се претставува, да извлече поука и наместо да се заканува, да направи структурни програмски и кадровски реформи и со нови ликови да излезе на избори. Филипче, пак, рече дека правото на протест е уставно загарантирано право, но воопшто не смета дека треба да биде злоупотребено во политички цели.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Дејан Дејан

Мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Дејан Дејан

Лицето кое беше фатено на „Табановце“ вчера сопругата ја усмртил пред нивната петгодишна ќерка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе