Вести Македонија Најважни Свет

Денес е Светскиот ден на слободата на медиумите

Денес се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите кој беше прогласен од УНЕСКО во 1993 година.Овој ден е потсетник на фундаменталната важност на слободното, независно и професионално новинарство како цврста основа за едно демократско општество.

Светскиот ден е потсетување за бројните закани со кои се соочуваат новинарите, започнувајќи од цензура и правен притисок, до насилство и затворање. Воедно значењето на овој ден ја нагласува потребата од заштита на медиумските работници и гарантирање на нивното право да известуваат слободно и без страв.

Историјата на одбележувањето започнува со Декларацијата од Виндхук (1991), усвоена во Намибија, каде африкански новинари се заложиле за слободни и плуралистички медиуми. Оваа декларација го постави темелот за меѓународното признавање на правото на слободно информирање.

Од Европската комисија ја потврдија нивната посветеност на почитување на слободата на медиумите и плурализмот во Европската Унија како и промовирање на овие принципи низ целиот свет.

Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен за работата на Комисијата за периодот 2024-2029 година, посочи дека таа ќе продолжи и ќе се залага да се обезбеди понатамошно спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите.

„Комисијата стои зад новинарите и силно ги поддржува во тоа безбедно и сигурно да ја извршуваат својата работа. Ја зајакнуваме нашата поддршка и заштита за независните медиуми и новинари, намалувајќи го притисокот и неетичкото однесување што ја загрозуваат нивната работа“, се додава во пораката од Урсула Фон Дер Лајен.

Европската комисија посочува и дека Европскиот закон за слобода на медиумите, кој треба да почне да се применува во земји членки на ЕУ од 8-ми август, ќе придонесе за подобра заштита плурализмот и независноста на медиумите и ќе ја зголеми транспарентноста и праведноста.

УНЕСКО по повод овој ден организира глобален настан во Брисел на 7-ми мај 2025 година, под наслов „Известување во новиот храбар свет: Влијанието на вештачката интелигенција на слободата на печатот и медиумите“. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе