Голема реконструкција во тим за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го номинираше досегашниот советник за национална безбедност Мајк Валц за амбасадор во Обединетите нации. Трамп изјави дека државниот секретар Марко Рубио истовремено ќе служи и како вршител на должноста советник за национална безбедност, во исто време ја задржува својата улога во Стејт департментот, како шеф на американската дипломатија.
„Исто така, им благодарам и на одличните луѓе што се тука. Пит Хегсет, кој работи фантастична работа, Пит, ти благодарам. Марко Рубио, неверојатно. Неверојатно. Марко, кога имам проблем, го повикувам Марко. Тој го решава. Тој го решава, рече Доналд Трамп, претседател на САД.
Потегот на Трамп слетки кратко по протекувањето на информациите дека Волц ја напушта Белата куќа откако беше откриено дека тој додал новинар во група на мрежата „Сигнал“ на која се дискутирало за воените планови на САД. Со номинација за функцијата во Обединетите нации, Волц ја губи централната позиција во Вашингтон, но, назначувањето за амбасадор во ОН допрва треба да биде потврдено од американскиот Сенат. Републиканските и демократските сенатори со реакции од од Капитол Хил. Демократите сметаат дека тимот за национална безбедност на Трамп е „тежок хаос“. За републиканците благородно било Волц да се повлече.
„Тимот за безбедност на Трамп е тежок хаос. И оној што треба да си оди не е оној што погрешил, Мајкл Валц, туку министерот за одбрана, Пит Хегсет, е одговорен. Тој треба да биде повикан на одговорност. Треба да биде отпуштен веднаш“ вели сенаторот Ричард Блументал, (демократ) од Конектикат.
„Во случајот со Мајк и Сигналгејт и сè тоа, тоа беше прилично голем престап. Беше прилично голем проблем и лично мислам дека тој го призна тоа, што е благородно од самиот почеток и ја презеде целосната одговорност. Тоа не значи дека призна дека е негова вина, но тој ја презема целосната одговорност, мислев дека тоа беше многу благородно и ми е жал што си оди“ вели Сенатор Кевин Крамер, (републиканец) од Северна Дакота.
Во март, Волц, најверојатно ненамерно, во групата со високи владини претставници го додаде Џефри Голдберг, па главниот уредник на списанието Атлантик , стана дел од дебата за американските напади врз Хути во Јемен. За администрацијата на Трамп не се непознати овие потези на брзо отпуштање луѓе од страна на Трамп ако не ги исполнат неговите очекувања.
Билјана Ставрова