Дваесет и седум повредени во дискотеката „Пулс“ од денеска ја почнаа рехабилитацијата во Општата болница во Кочани. Во оваа болница по болничкиот третман низ болниците во странство и земјава се рехабилитираат вкупно 38 млади луѓе.
Во дневна амбуланта се распоредени на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Од оваа болница информираат дека нивната здравствена состојба е стабилна. Во меѓувреме течат и обуките за медицинскиот персонал од штипското одделение за Физикална терапија од штипската Клиничка болница. Обуките ги реализираат лекари од Велика Британија и Шпанија кои имаат искуство за третирање на изгорениците и фрактурите со кои младите луѓе се здобија по несреќата во дискотеката Пулс
Инаку од денеска во болницата во Кочани во функција е ставена и хипербарната комора, која е добиена како донација. Ваквата терапија ќе овозможи брза и успешна ревитализација на кожата со изгореници, како и интоксикација на организмот,по вдишувањето на чадот во дискотеката. Еден час во хипербаричната комора заменува 7 до 10 дена престој на планина.
Викторија Јованова