Вести Македонија Најважни

По поделбата на „Вреди“, се дели ли и пратеничката група?!

„Вреди“, кои од синоќа функционираат како една партија, засега не доставиле никакво формално извесување до Собранието за евентуални промени во пратеничката група по разделбата со Алијанса на Таравари. Вчера изјавија дека парламентарната група ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат, но неофицијално веќе се спомнува дека координаторот Халил Снопче ќе биде заменет од Беким Ќоку, кој е независен пратеник. Тој, пак, тврди дека не е известен за ништо, но не гледа проблем да функционираат како посебна пратеничка група. Сепак, доколку излезат од владата, смета дека треба да има и предвремени парламентарни избори.

Претседателот на партијата, не го дели неговиот став.

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат никаков проблем доколку нивните коалициони партнери се разделат и во Собранието.

Премиерот и Таравари ќе се сретнат деновиве, по што ќе се знае дали Алијанса останува владин партнер. Епилогот го чека и опозициската СДСМ, чиј претседател деновиве изјави дека не исклучува можност да разговара со Таравари за евентуална соработка на локалните избори. На синоќешната седница на Централниот одбор на партијата, Филипче е овластен да разговори со постојните коалициски партнери, но и со потенцијални нови сојузници за настап на локалните избори.

Тие денеска ја почнаа и постапката за утврдување на кандидатите за советници и градоначалници.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на загинатите во „ Пулс“ побараа одговори од МВР и средба со ОЈО-ГОК

Дејан Дејан

(Видео) – Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Инертни институции – мачени и убивани животни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе