Вести Македонија Најважни

(Видео) Изгоре куќа на Александар Пандов, директорот на затворската Управа – тој се сомнева дека е подметнат

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на ФБ објави видео од запалената куќа во Зелениково и информираше дека завчера е запален неговиот дом.

На снимките се гледаат остатоци по пожарот, уништени и пеплосани работи, а тој напиша дека “ова е цената за удирање по мафијата” и дека се сомнева во подметнат пожар.

„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации. Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!, соопшти Пандов и изрази очекување дека институциите ќе го решат случајот и ќе ги откријат сторителите на пожарот за кој постојат огромби сомнежи дека е подметнат.

Од скопската противпожарна бригада потврдија дека вчера добиле повик за интервенција за гаснење на жар останат по пожарот, а ни одговорија дека завчера (понеделник) немало пријава.

И претходно беа подметнувани пожари на имот на затворски полицајци, чувари, а изгоре и автомобил на директорот на најголемиот затвор во Идризово. За дел од палежите беа осомничени криминални групи и затвореници.

Но, ова е првпат да биде запалена куќа и тоа на првиот човек на затворската Управа.

ВМРО – ДПМНЕ: Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, бидејќи криминалците повеќе немаат заштита од власта

  • Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брз реакција од страна на институциите. Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат. Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на загинатите во „ Пулс“ побараа одговори од МВР и средба со ОЈО-ГОК

Дејан Дејан

(Видео) – Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Инертни институции – мачени и убивани животни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе