Вести Македонија Најважни

Марта Кос: Македонија е тажна приказна

Северна Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори, вели меѓудругото комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Таа во интервју за Радио Слободна Европа истакнува дека Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан што може да стане нова членка на Европската Унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, по што следува Албанија.

Според неа би било неуспех ако ниедна нова земја не стане членка на Унијата за време на мандатот на Европската комисија.

  • „Доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Значи, во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, ако требаше да чекаме со Украина додека Северна Македонија чека почеток на преговори, Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина“, вели комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Дел од роднините на средба со обвинителите по одговори за истрагата

Дејан Дејан

Втора интерпелација за Тошковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе