Апелацискиот суд во Штип денеска ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката пулс во Кочани. Овој суд постапува по 17 жалби за изречен притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а вчера пристигнале 14.
За денеска, кога е најавен протест во Скопје, на семејствата на жртвите во пожарот, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка.
Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници, најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите, кои ќе остварат средба со државниот обвинител и обвинителите кои постапуваат во предметите.
Семејствата на настраданите во пожарот денеска организираат „Марш за ангелите“ во Скопје, кој треба да почне во 12 часот и пет минути како симболика за задоцнета реакција.
Најавено е маршот да почне пред обвинителството, ќе продолжи на градскиот плоштад, а потоа пред Собранието на Македонија.