Вести Македонија Најважни

Интерните клиники во Скопје функционираат со само еден лифт- утре „Мајка Тереза“ ќе остане и без вода

Повеќе од 10 дена зградата на интерни клиники во клиничкиот цернтар „Мајка Тереза“ во Скопје функционира со само еден од вкупно четири лифта.

Што го користат вработените од неколку клиники, како и пациенти, но со него се врши и дотур на роба и материјали за работа.

Вработени за Телма велат дека работата е отежната и не е возможно толкав објект да функционира  само со еден лифт, со оглед дека таму се лекуваат многи пациенти кои не можат да се качуваат по скали и потребно е да се транспортираат со кревети од еден на друг спрат.

Велат и дека нема ниту информација дали и кога би биле пуштени и другите лифтови.

Секое утро се прават и гужви, а тоа го проблематизира третманот на пациентите особено кога станува збор за итни и потешки сличаи.

Во оваа зграда е сместена Клиниката за кожни болести, Нефрологија, Неврологија, Пулмологија, Гастроентерохепатологија, Реума, Ендокринологија, но и Клиничка биохемија.

Според, информации од таму утре цел клинички ќе остане и без вода поради санација на цевка која нема информации колку време ќе трае.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Дејан Дејан

(живо) Пратениците дебатираат за интерпелацијата за министерот Тошковски

Дејан Дејан

(живо) Започна „Маршот за ангелите“ во Скопје- семејствата на настраданите во пожарот во Кочани бараат одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе