Со прашања на Обвинителството до првоосомничениот Палевски, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски, кој е главен обвинет во случајот, на претходното рочиште негираше вина и ги оцени доказите против него како манипулативни и нецелосни.
Неговиот адвокат, Јовица Страшевски истакна дека постојат значителни несогласувања меѓу доказите и изјавите на Обвинителството, а денешното сведочење го нарече клучно за расветлување на случајот.
Денешното рочиште го следи колешката Марија Митевска