Вести Македонија Најважни

Тинејџер со веспа, но без дозвола и кацига, загина, тинејџер со тротинет тешко повреден – сообраќајна несреќа ноќеска во Чаир

Еден малолетник загина, а друг е повреден во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир.

Како што информира денеска МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починал 16-годишен мотоциклист, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Четиринаесетгодишник, кој управувал електричен тротинет, пак, се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената.

„На критичната локација не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишник. Во сообраќајната несреќа, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување“, соопшти ЈОРСМ.

Со цел точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал повеќе наредби и насоки.

„Се обезбедуваат и се прегледуваат снимки од видеонадзорот на конкретната локација. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а и кај малолетникот кој управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции“, наведува Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен соопшти дека на 27 април 2025 во 2:28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки,  управуван од 16-годишник од Скопје, и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.

„Увид на местото  на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, наведува МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе