Вести Економија Најважни

Додаток на плата од 30 отсто или откажување од Општиот колективен договор – непристоен предлог од Владата до синдикатите

Поради тоа што дел од вработените во јавниот сектор го добиваат, а други не, додатокот на плата од 30 отсто, лица на иста позиција и со исто образование имаат различни месечни примања. Освен во финансии, Службата за општи заеднички работи, Генералниот секретаријат на Влада и уште некои институции, во другите меѓу кои во Министерството за правда, за економија, за животна средина, за дигитална трансформација, ДЗС, Државниот архив, не се исплаќа овој додаток, затоа што финансии не даде зелено светло.

Од УПОЗ велат дека, иако преговорите за ова биле на самиот крај, добиле нов услов од Владата.

За да може и другите вработени во јавниот сектор да го добијат додатокот, треба или да се откажат од Општиот колективен договор или, пак, да се одложи неговата примена.

„За нас тоа не е прифатливо  Воопшто не беше  ниту преговарано додека се договаравме со владата односно со премиерот за на крај на последните средби да ни биде тоа ставено како услов на маса. И на крајот на последната средба со премиерот рече дека е спремен да се потпише, дека ќе се потпише на почетокот на мај. Еве, почетокот на мај е во четврток, но уште немаме информација од нивна страна, дали ќе ги потпишеме сите тие колективни договори со останатите институции. и има разлика на плата. Едни вработени имаат додаток други немаат“, вели за Телма претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.

Уште еден проблем е и тоа што вработените во јавниот сектор платата за март ја добија без покачувањето од 12,6 отсто, како што е предвидено со тој Општ колективен договор.

Од синдикатот појаснуваат дека поради тоа што до крајот на 2024 година, Владата не стави потпис на овој договор, во јавниот сектор платата треба да се исплаќа со плус 12 проценти, колку што порасна просечната.

„Тој си е на сила, има нова методологија за пресметка на плати, за жал не се потпиша од оваа Влада. Имаме прес конференција каде беше истакнато дека сите вработени во јавниот сектор имаат право на тужба, додава Деановски.

На вработените, пак, во Министерството за економија, пазарниот и трудовиот инспекторат во петокот доцна попладне им беше исплатена платата за март, со задоцнување од десетина дена поради проблеми кои настанаа со трансформацијата на институциите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе