Вести Македонија Најважни

Бараат правда и одговорност, прашуваат до каде е истрагата – четврти протестен марш за жртвите во пожарот во Кочани

Бараме правда, бараме одговорност од институциите за нашите деца кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е само почеток на нашата борба, ќе се гледаме и на други места, порачаа семејствата на 62-та загинати млади луѓе на 16 март, од паркот на револуцијата во Кочани, каде денеска го имаа четвртиот протестен марш „Задоцнета реакција“. Во тишина маршираа до општинската зграда, а таму на инспекторите им порачаа да излезат на терен и ги прашаа дали животите на нивните деца вредат повеќе од она што им е дадено.

Со сликите на своите деца кренати кон полициската станица во Кочани прашаа кои се надлежни за безбедноста, тогаш кој е? – Но, и како што рекоа, дали имаат доблест да си ја признаат својата вина. Посочија дека секоја недела нивниот марш е уредно пријавен во МВР, во болница и во Пожарна и прашаа дали сопственикот на дискотеката „Пулс“ пријавил дека има концерт на групата ДНК таа ноќ.

Пред обвинителството, семејствата на загинатите млади луѓе од Кочани, од Штип, од Чешиново-Облешево, од Македонска Каменица, од Скопје и од Пробиштип, побараа барем некој од одговорните од МВР и обвинителството да излезат и да им кажат до каде е истрагата. Порачаа дека не се плашат, иако веќе имаат закани за она што го говорат на протестите, но и дека ќе одговараат како родители.

Револтирани што надлежните имале пропусти таа кобна ноќ, а дел од децата излезгле од дискотеката, но како што велат се починати во болниците.

На денешниот четврти протест главната порака на транспарентот беше „Дали требаше да ги убиете нашите деца, за да увидиме во каква корумпирана држава живееме“.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе