Вести Македонија

Неколкуминутна средба во Правда – Филипче не се откажува од Чупеска и Михајлова

Кратка, неколкуминутна, средба за запознавање и размена на телефонски броеви е одржана денеска во министерството за правда, меѓу членовите на работната група за правосудство, во која учествува и опозициската СДСМ. На средбата присуствувале и потпретседателката на партијата, Ана Чупеска и професорката Елена Михајлова Стратилати од кои Филипче не се откажува и покрај тоа што министерот неодамна изјави дека е неприфатливо да работат на реформските закони, од причина што учествувале во подготовка на уставните измени во 2023 година.

Од министерството денеска само потврдија дека се одржала средба, но не сакаа да коментираат повеќе. Филипче, пак, изјави дека нема намера да ги повлече Чупеска и Михајлова, а ќе предложи лица и за другите работни групи што беа договорени на неговата средба со премиерот.

Партијата паралелно работи и на анкети со кои се испитува поддршката на членството за потенцијалните кандидати за градоначалници и советници. Филипче најави дека следната недела ќе промовираат десетина кандидати. Не одговори директно, дали меѓу нив повторно ќе биде и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, велејќи дека разговорите сè уште траат.

Партнерите од коалицијата ќе настапат заеднички на изборите, а започнуваат разговори и согледуваат околности и за можна коалиција со албански партнер. На прашањето, дали би коалицирал со Арбен Таравари, Филипче одговори дека засега ги следат случувањата во владејачката коалиција, а од нивниот епилог ќе зависат и натамошните потези, но тој е подготвен да разговара со која било партија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Патнички авион на Ер Индија се урна при полетување кон Лондон

Дејан Дејан

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе