Над 128.000 луѓе од завчера наутро до денеска до 8 часот минаа крај ковчегот со телото на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за да се збогуваат со него, соопшти Ватикан.
Папата Франциск почина на 21 април на 88-годишна возраст. Погребот ќе биде утре, а се очекуваат неколку стотици илјади верници, како и бројни лидери и високи официјални претставници кои ќе пристигнат од целиот свет.
Службата за протокол на Државниот секретаријат на Ватикан соопшти дека досега 130 делегации потврдиле дека ќе присуствуваат на погребот.
Според соопштението, меѓу присутните делегации ќе бидат околу 50 шефови на држави и 10 актуелни монарси, објави италијанската новинска агенција АНСА.