Вести Македонија Најважни

Деветмина во притвор, петмина во домашен притвор – судот ги објави мерките за осомничените за злоупотреби со инвалидски пензии

Определени мерки притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија.

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење (повеќе на следниот линк)

https://jorm.gov.mk/pod-istraga-49-licza-za-zloupotrebi-vo-postapki-za-steknuvane-so-pravo-za-tuga-nega-i-pravo-na-invalidski-penzii/

Донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои:

  • На девет лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165, ст.1, т. 1, 2 и 3 од ЗКП;
  • На пет лица им определи мерка куќен притвор;
  • Додека на 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146, ст.1, т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Телма дознава кој е мозокот на злоупотреби со туѓа нега и инвалидски пензии – истрага против 49 луѓе

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Бугарија сè уште не ѝ одговорила на Македонија на барањето за средба

Дејан Дејан

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе