Вести Македонија Најважни

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна затоа што на еден од обвинетите во „Адитив“ од мај до декември лани повеќе пати му дала податоци кои се службена тајна и чие откривање може да има штетни последици на постапките во обвинителството.

Потврдено е дека обвинетиот кој ги добивал информациите од првата антикорупционерка е Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино.

Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство, се вели во соопштението на ојо гокк.

Обвинителството денеска отвори истрага за уште двајца осомничени. Според информациите на Телма станува збор за поранешна финансиска директорка во ТЕЦ Неготино и вработен во една од фирмите опфатени со истрагата „Адитив“.

Осомничената преку апликација WhatsApp на обвинет во Адитив му пуштила фотографија од барањето за доставување на документација за набавката за мазут од 2021 до 2023.

На првоосомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело Злосторничко здружување, како помагач сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во периодот од месец декември 2023 до ноември 2024 година од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања од значителен износ, средства кои правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, стои во соопштението на обвинителството.

Обвинителството бара мерки на претпазливост а попладнево кривичниот суд веќе и определи на Димиторвска, одземање пасош и забрана за работни активности поврзани со кривичното дело.

Обвинителството поденес обивненеи за адитив на крајот на февруари против 31 физичко и пет правни лица . Првообвинет за несовесно работење е поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство. Обвинети за неколку кривични дела се и неговиот наследник Васко Стефанов, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

Според обивнението во период од април во 2023 година до август во 2024 година, создале група со цел вршење на кривични дела.Меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. На фирмата која го добила тендерот ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист од 6,4 милиони евра.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Поранешна директорка во ТЕЦ Неготино приведена во истрагата заедно со претседателката на Антикорупциска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе