Вести Најважни Свет

📽(Видео)Во руски ракетен напад загинаа 9, а повредени се 77 лица

Пеплосани и разурнати згради по рускиот ракетен напад врз главниот град Киев во кој загинаа 9 лица, а повредени се 77, меѓу кои шест деца. Градската воена управа на Киев на својот канал Телеграм соопшти дека Русија го нападнала градот со беспилотни летала и балистички проектили.

Повредените го опишуваат стравичниот напад како и обидот да избегаат од погодените разрушени згради. Затрупани под урнатините, многумина не можеле да се извлечат се додека не пристигнале противпожарните екипи. И покрај дипломатските преговори за прекин на огнот жителите на Украина не веруваат да се постигне мир и стравуваат од поголеми и пофатални напади.

Претседателот Доналд Трамп повторно го критикуваше претседателот на Украина, Зеленски велејќи дека справувањето со него е потешко отколку со Русија во напорите на САД да стави крај на војната.

„Па, сè е добро. Видете, сакам само да го видам крајот на војната. Не ми е гајле дали и двајцата се среќни, двајцата потпишуваат договор. Немам фаворит. Не сакам да имам фаворит. Сакам да склучам договор. Сакам да спасам животи. Досега, со тоа што е направено, ние трошиме стотици милијарди долари поради Бајден. Бајден никогаш не требаше да дозволи таа војна да се случи“ изјави  Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски претходно ја отфрли можноста за отстапување територија на Русија во каков било договор пред разговорите меѓу американските, европските и украинските претставници. Трамп пак пред новинарите во белата куќа најави дека очекува за помалку од еден месец да оствари директна средба со Путин.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен

Дејан Дејан

Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Дејан Дејан

Висат ли проектите поради одземените лиценци во градежништвото?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе