Кривичен пресуди – три ипол години казна затвор за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Прогласен е виновен за изградбата на административната зграда на општината, односно за крвичните дела бесправно градење и злоупотреба на службената положба.
Во изречената казна на обвинетиот му се пресметува и времето поминато во куќен притвор.
Дополнително, со одлука на судот, изградениот објект на Општина Карпош на улица „Радика“ се одзема во корист на државата.
Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од две години, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Градоначалникот на Карпош, Јакимовски, тврди дека е невин, вели нема докази и оценува дека се води хајка против него.
Тврди дека административниот објект на општината е времен објект и за тоа не може да биде гонет кривично.
Благо речено, навистина сум изненаден, крајно сум изненаден од пресудата. Без никакви докази, на 100% докази на наша страна дека немаме сторено кривично дело, носат пресуда со којашто ме осудуваат на 4 години, со единствена казна на 3,6 години. И сега се прашувам – кога ова на мене . Што можам да кажам – едни ми поднесоа пријава, други ми донесоа пресуда. И тоа е тоа, изјави Јакимовски.
Пресудата не е правосилна и градоначалникот на Карпош најави жалба до Апелација. Јакимовски минатата година се најде и на американската Црна листа.
Петар Догов