Околу 50 лица се предмет на денешната акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР дека со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии. Претреси во рамки на акцијата се вршеа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а според информациите на Телма полицијата влегла во канцелариите на доктори на клиниката за неврологија, психијатрија, карил, како и во болниците во Тетово и во Велес.
Доктори, членoви на комисија, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро се дел од лицата кои се опфатени со акцијата. Телма неофицијално дознава дека ќе се бараат мерки за 26 од нив.
„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство“, велат од ОЈО ГОКК.
Од ПИОМ велат дека во рамки на акцијата од нив биле подбарани податоци за одреден број на предмети од 2023 и 2024 година и кои доктори биле ангажирани во комијата за издавање на инвалидски пензии. Со акцијата се опфатени и докторите кои работеле во комисијата. Од ПИОМ велат дека тројца доктори во тој период биле во редовен работен однос, а четворица со договор на дело кои одлучувале по барањата за инвалидска пензија.
Според последните податоци за јануари годинава во земјава има 25 364 корисници на инвалидска пензија. Просечната инвалдиска пензија изнесува 21 273 денари. Најмногу од нив околу 9000 корисници земаат меѓу 15 и пол до 19 и пол илјади денари. Највисоката од речиси 60 илајди денари ја земааат 28 лица.
В0 2010 година во акцијата „Метастаза“ беше поднесено обвинение против 38 лица за криминал при доделување инвалидска пензија. Тогаш лекари пишувале лажни дијагнози за здрави луѓе со цел да добијат инвалидска пензија. На тие што заслужувале инвалидска пензија, им се одолговлекувал случајот за од нив да изнудат мито.
Лекарите специјалисти, неврохирурзи, психијатри, ортопеди и посредници беа обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправи. Изречените казни се движеа од три години затвор до условни пресуди. Штетата на ПИОМ беше во износ од 250.000 евра.
Марија Митевска