Вести Најважни Свет

Телото на папата Франциск изложено во отворен ковчег во капелата Света Марија во Ватикан

Телото на папата Франциск е изложено во отворен ковчег во Ватикан за церемонијата Потврда на смртта на папата.

Ритуалот за потврда на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело е одржана синоќа во капелата Света Марија, соопшти Ватикан. Официјалната вест за потврда на смртта ја прочита кардиналот Кевин Фарел на церемонија што траеше нешто помалку од еден час.

Ставени се печати на апартмани во Апостолската палата, како и на апартманот во капелата Света Марија во кој престојуваше папата Франциск.

Кардиналите денеска ќе се состанат во Ватикан за планирање на погребот и сложените ритуали кои одбележуваат крај на служба на еден Папа и почеток на служба на друг.

Папата Франциск почина во понеделникот (20 април) во 88 година од животот како последица на мозочен удар кој довел до кома и неповратен срцев застој. Тој се опоравуваше во неговиот апартман, откако пет недели беше во болница на лекување од воспаление на градите. Последен пат се појави во јавност во неделата, кога од „папамобилот“ упати велигденски благослов и за последен пат ги поздрави насобраните на плоштадот Свети Петар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа од народот и за народот – верниците во тага по смртта на Франциск чиј погреб ќе биде во сабота

Дејан Дејан

Велигден помина, дел од вработените во јавниот сектор и натаму без плата за март, не се знае ниту кога ќе ја добијат

Дејан Дејан

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе