Астрономите лоцираа можни хемиски знаци на живот на далечна планета, надвор од нашиот Сончев систем. Истражувањето, предводено од научници од Универзитетот во Кембриџ, откри докази за соединенија во атмосфера на егзопланета кои на Земјата се произведуваат само од живи организми и според нив, тоа е најсилен потенцијален сигнал за живот досега.
Со анализа на податоците од НАСА и вселенскиот телескоп Веб, тие пронајдоа докази за диметил сулфид и диметил дисулфид во атмосферата на планетата позната како К2-18 Б. Планетата е оддалечена 124 светлосни години; една светлосна година е еквивалентна на речиси 6 трилиони милји.
Независните научници ги опишаа наодите како интересни, но не доволно за да се покаже постоењето на живот на друга планета.