Вести Македонија Најважни

Христијаните го слават Воскресението Христово

Православните верници во Македонија денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Црвеното велигденско јајце го одбележува Велигден и Воскресението Христово кое е најголем празник во христијанството. Оваа година, прославата на големиот празник се совпадна на ист ден за сите христијани.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

„Чудесната вест, објавена од ангелот во тишината на празниот гроб, дека Христос воскреснал, до денешен ден допира до сето создание и постојано донесува нова радост и нови надежи. А Бог, како бесконечен и совршен, немаше потреба од Воплотувањето. Победата над смртта со смрт, Тој не ја извојувал заради Себе, туку за да им дарува живот на оние во гробовите и да ги ослободи заробените од смртта. Па, Господ Христос ја поднесе жртвата не за Себеси, туку за нас да нè украси со венецот на победата и на животот“, порача Архиепископот Охридско-Македонски г.г. Стефан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќа и неволја да излеземе помудри, подобри и похумани

Дејан Дејан

Mир и спокој во душите, добрината и мудроста да бидат наш патоказ кон подобра иднина – велигденска честитка од Филипче

Дејан Дејан

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе