Вести Македонија Најважни

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца? Немате одговор. Ги пуштивме, бидејќи се корумпирани, да го дочекаат празникот со нивните семејства. А знаете ли каде ние ќе го дочекаме празникот? Не знаете? Еве ќе ви кажеме. Доручек, ручек, вечера на гробишта. Дали нашите ангели го заслужија тоа?“ 

Ова е пораката на семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Со сите надлежни институции вклучени во истрагата. Пред судот и обвинителството  родителите на надлежните им ги покажаа сликите од своите деца и оти секое од нив имало професија, иден моден дизајнер, ди-џеј, бербер, лекар, келнер, информатички инжињер, иден инспектор, татко кој не го видел своето чедо.

Родителите на третиот протестен марш порачаа дека секоја сабота ќе излегуваат на протести, за да какошто велат ги потсетуваат челниците на оваа држава и оти до последниот здив ќе ја бараат правдата за сите починати и повредени на 16ти март.

Велат ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што ја злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит. Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени!“

Родителите не се задоволни од истрагата на полицијата и надлежните институции. Се сомневаат дека за трагедијата ќе бидат обивинети нивните деца и групата ДНК.

Семејствата пред општината порачаа дека ќе ја следат работата на инспекциите. Правда мора да има, мора да има и одговорност одговори  в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски.

Протестниот марш и денеска започна во градскиот парк во Кочани, а реката од луѓе се двишеже кон трговскиот центар, Општина Кочани, полициската станица, се до Јавното обвинителство и Судот. 62 млади животи згаснаа во дискотеката Пулс, а нивните мајки велат дека овој Велигден, како и секој нареден ќе го поминуваат на нивните вечни почивалишта.

Викторија Димитрова Јованова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе