Вести Најважни Свет

САД ќе се откажат од мировните преговори за Украина ако нема напредок наскоро

Претседателот на САД Доналд Трамп, порача дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина. САД ќе се откажат од обидот за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку во рок од неколку дена нема јасни знаци дека може да се постигне примирје.

Според американскиот претседател овој процес не може да трае со месеци, велејќи дека САД имаат „други приоритети на кои треба да се фокусираат“.

Ќе видиме што ќе се случи. Ќе слушнеме од нив оваа недела, всушност многу наскоро. И ќе видиме, но сакаме (војната) да престане. Сакаме смртта и убивањето да престанат, порача Трамп.

И покрај првичната увереност на администрацијата на Трамп дека може брзо да обезбеди договор, државниот американски секретар Марко Рубио, по состанокот со европските лидери во Париз, призна дека е јасно оти ќе биде тешко да се стави крај на војната веднаш, но треба да има видливи знаци дека има интерес тоа да се случи наското.

Контактите се прилично сложени, комплицирани, бидејќи, нормално, темата не е едноставна, темата за украинското решение. Русија се стреми кон решавање на овој конфликт, обезбедување на сопствените интереси и е отворена за дијалог. Ние продолжуваме да го правиме тоа, вели портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Меѓувреме Русија продолжи со ракетните напади врз поголемите украински градови кои до сега однесоа голем број цивилни жртви.

Последен во низата е денешниот напад врз Харков во кој според украинските власти убиени се две лица а над 100 други се повредени.

Бев заспана, почувствував и видов силен блесок и успеав да се покријам со ќебе, а потоа се слушна силна експлозија. Целиот стан беше разнесен. Кучињата истрчаа надвор. Нема врати, нема ѕидови, нема ништо, раскажа Светлана, локален жител.

Москва практично одби да прифати сеопфатен прекин на огнот што администрацијата на Трамп го бара. Русија го условува со запирање на напорите за мобилизација на Украина и снабдувањето со оружје од Западот, што се барања кои Украина ги отфрли.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе