Вести Економија Најважни Свет

Европската централна банка денеска носи одлука за каматните стапки

Европската централна банка денеска се очекува да ја објави одлуката во однос на каматните стапки во услови на зголемена загриженост меѓу финансиските пазари поради турбуленциите кои ги наметнаа тарифите на американската администрација на претседателот Доналд Трамп.

Сепак очекувањата на аналитичарите се дека каматите ќе забележат ново намалување од 0,25 процентни поени со што каматната стапка на депозитните олеснувања би била на ниво од 2,25 процентни поени.

Кредитната активност во првото тримесечје од 2025 година и стандардите за кредитирање бележат стабилизирање откако значително се подобрија во текот на претходните две години, што сугерира дека каматната стапка на ЕЦБ е блиску до нејзината конечна вредност.

Претседателкатра на ЕЦБ, Кристин Лагард претходната недела соопшти дека европските финансиски пазари оперираат стабилно, и покрај зголемената раздвиженост.

Информира дека банката внимателно ги надгледува настаните и е подготвена да примени „соодветни инструменти и алатки” за да ја одржи стабилноста на цените и финансиската рамнотежа.

СТО: Царините на Трамп ја туркаат надолу светската трговија

Светската трговска организација предупредува дека глобалната трговија ќе опадне за 0,2% годинава поради новите царини на САД, наместо претходно предвидениот раст од 2,7%.

Падот ќе биде најголем во Северна Америка за каде се проценува дека ќе изнесува над 10%, а како главна причина се наведува трговскиот судир меѓу САД и Кина.

Царините за кинески производи достигнуваат до 145%. Според генералната директорка на светската трговска организација, Нгози Оконџо Ивеала, растечкиот трговски судир меѓу САД и Кина претставува „вистински загрижувачки феномен“.

Организацијата очекува годинашниот глобален економски раст да изнесува само 2,3%, што е под прагот за рецесија. И покрај тоа, кај трговијата со услуги како туризам и финансии пак се очекува раст од 4%, додека берзите реагираат негативно на светските трговски неизвесности.

Остар пад на Волстрит поради трговската војна

Акциите на Волстрит остро паднаа поради предупредувањето од „Nvidia“ за загуби од 5,5 милијарди долари поради трговската војна, и изјавата на претседателката на американската централна банка Џером Пауел, дека економскиот раст во земјата забавува.

Дел од индексите на берзите  при денешното тргување забележаа пад и над 3 отсто, а секторот за производство на чипови предводи со 4 проценти.

Пауел најави дека Федералните резерви ќе почекаат со нови мерки, што ги намали надежите за брзо намалување на каматите. Инвеститорите се загрижени за повисока инфлација и економска несигурност.

Кина до Трамп: „Престани со закани и уцени“

Кина остро реагира на новите американски царини, повикувајќи го претседателот Доналд Трамп да престане со „екстремен притисок“ и да преговара со почит за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за настанатата ситуација.

Кинеското МНР порача дека „нема победник во тарифната војна“ и дека Кина не сака конфликт, но нема да се повлече. Белата куќа пак тврди дека топката е на теренот на Кина.

И покрај зголемените тензии, Кина објави економски раст од 5,4% во првиот квартал.

Аналитичари предупредуваат дека ефектите од новите тарифи ќе се почувствуваат во вториот четиримесечен период од годината.

Јапонија и Јужна Кореја започнуваат дипломатски преговори со САД за да ги заштитат своите економски интереси, додека компании како „Honda“ веќе префрлаат дел од своето производство во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе