Вести Најважни Свет

Студентите сѐ уште ја блокираат РТС, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот

Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС  беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер.

Студентите трет ден по ред ги блокираат зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград, и на Кошутњак. Тие најавија блокада до понатамошно известување, односно до објавување на нов конкурс за РЕМ или до затворање на РТС.

Државната телевизија синоќа не го емитуваше Третиот дневник туку објави реприза на Вториот дневник, објавија студентите во блокада.

Во понеделникот вечерта беа блокирани влезовите во зградите на РТС во Белград и на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад.

Од вчера утрото поставени се и бели шатори пред Собранието на Србија во центарот на градот без да се знае кои се луѓето внатре и што е нивна цел.

За денеска во Краљево студентите во блокада ќе одржат протест – „Пумпај, пумпај Ибар водо“. Почетокот на протестот е закажан за 8 часот и треба, според најавите на социјалните мрежи, да трае до полноќ.

Студентите во блокадата на Машинскиот и Градежниот факултет во Краљево изјавија дека се планира блокада на четири сообраќајни точки во градот, како и блокада на две институции.

Од синоќа во Краљево се пристигнати студенти и матуранти од повеќе градови во Србија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државните институции најголеми дискриминатори

Дејан Дејан

Стигнал одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

Дејан Дејан

Уапсените се пензионирани полицајци и активен началник, но за потпис од пред неколку години – истрагата не е селективна иако нема активни началници, тврди обвинителот Коцевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе