Вести Временска прогноза

Променливо облачно и топло со сончеви периоди – Временска прогноза за 17.4.2025

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12°C, а максимумот од 20 до 25°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Берово, Маврови Анови, 7 Попова Шапка, 8 Струмица, Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, 9 Велес, Штип, Гевгелија, Битола, Виница, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Претор, 11 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 12 Куманово, Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

2 Маврови Анови, 1 Струмица, Крива Паланка, Виница, Велес, Гевгелија, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Лазарополе.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 10.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 14.5.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Српските студенти најавија ултрамаратон до Брисел

Дејан Дејан

Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

Дејан Дејан

Пронајдени седум мигранти во „хјундаи“ во близина на гевгелиско Мрзенци, приведен криумчарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе