Вести Македонија Најважни

Половина од новосомничените полицајци се пензионери- од 59 приведени само двајца се актуелни функционери, а еден е полициски началник

Еден веќе разрешен командир на полициската станица Кочани и 5 пензионирани полициски службеници и началници се меѓу осомничените и приведени во проширување на истрагата за пожарот во Кочани.

Сите се осомничени за постапки во доделување на сообраќајни решенија за Пулс во минатото, за период од 2012-та до 2022-ра.

На навршување на еден месец од трагедијата, обвинителството соопшти дека осомничените „не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.“ Побара мерки на претпазливост за приведените.

  • Со чинење на наведените дејствија, пријавените како службени лица овозможиле правното лице ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани да се стекне со лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре „Пулс“ во Кочани на начин што не постапиле според прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна проверка пред да биде издадена позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре. Од пријавените, лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Петмина од уапсените биле началници во штипската, а двајца во кочанската полиција. Меѓу 7-ната новоосомничени има само еден актуелен полициски началник, но не за извршување на функцијата во време на пожарот туку за постапка пред повеќе години.

За проширувањето на истрагата со нови осомничени, државниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти во синоќешното издание на ТОП Тема на Телма.

Вели дека не станува збор за селективност како што се се почести толкувањата на јавноста поради тоа што со истрагата досега се опфатени само поранешни полициски началници за дела од претходен период, а не оние кои се сликале по партиски штабови.

Од функционери во чиј мандат се случи пожарот во кој загинаа 61 човек во кабарето Пулс, досега е осомничен само директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а притворен е и Шабан Салиу министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, но не за сегашната функција туку за постапките додека бил директор во ДЗС до 2017-та.

Од вкупно 59 осомничени, 4 се поранешни министри за економија, 4 поранешни директори во ДЗС и Пазарна Инспекција, инспектори, државни службеници и 14 полициски службеници и началници, главно кои не биле на началнички позиции во моментот на трагедијата.

Од актуелните началници или функционери нема други приведувања, а на политичката сцена се бараат оставки од двајца министри, за внатрешни работи и за здравство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе