Група битолчани повторно излегоа на протест да го изразат својот револт против изградба на Регионален центар за управување со отпад во близина ан РЕК Битола, каде ќе се одлага ѓубрето од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион.
Уште еднаш го повторија барањето, државата да најде друга локација за депонијата затоа што не веруваат дека ќе работи по еколошки стандарди и сметаат дека ќе се загадува најголемата житица во земјава- Пелагонија.
Тие отпочнаа постапка за собирање потписи за референдум во општините Битола и Новаци за да ја спречат изградбата на Регионалниот центар за управување со отпад.