Во Тетово се одржува состанок на Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Главна тема на денешниот состанок е како ќе настапи Алијанса на локалните избори.
Пред почетокот на состанокот Халил Снопче за ТВ Телма рече дека Алијанса не била консултирана од страна на коалиција „Вреди“ при распределбата на градоначалничките и советничките места и дека сите нивни предлози се одбиени.
„Сега очекуваме претседателот да не брифира“, рече Снопче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.