Вести Најважни Свет

Спротивставените изјави од Вашингтон сѐ уште ја брануваат глобалната трговија

Спротивставени пораки и понатаму пристигнуваат од Белата куќа и администрацијата воопшто во Вашингтон, во поглед на царините за некои од технолошките производи како паметни телефони и лаптопи. Откако првично и тие беа опфатени со високите царински давачки, неколку денови подоцна Трамп се предомисли и ги иззема овие производи.

Официјално претседателот се надева дека ќе успее набрзо да постигне договор, пред сѐ со Кина, но многу од неговите функционери во своите јавни настапи и понатаму тврдат дека се разгледуваат начини како и овие производи да бидат оцаринети. Целта, секако е да се обесхрабри увозот на овие производи а за сметка на тоа да се поттикне нивното производство во САД, но за развивањето производствени капацитети кои би ја задоволиле побарувачката во Америка ќе биде потребно подолго време, а астрономските цени за само неколку недели ќе се појават по американските продавници.

„Бидејќи многу од електрониката која денеска ја купуваме зависи од глобалните синџири на снабдување, економистите и понатаму предупредуваат дека ако ништо не се промени, овие постапки ќе ги зголемат цените за компаниите, кои пак ќе достигнат и до потрошувачите преку покачени цени“ изјави Вајат Грантам Филипс – Асошиејтед прес.

Но, и покрај тоа што неговите политики ги нарушија берзите и финансиските пазари, американскиот претседател инсистира дека тие биле пречекани со голем ентузијазам.

„Губевме по 2 милијарди долари дневно. Ова е најголемиот договор некогаш постигнат. Сега заработуваме по 2 милијарди долари дневно. Ние сме одлична земја, но таа беше водена од глупави луѓе“ рече Доналд Трамп – Претседател на САД.

На ефектот од 90 дневното паузирање на високите царини му беше потребно цела недела да се забележи, а таа одлука беше донесена дури откако министерот за финансии Скот Бесен успеа да го убеди Трамп дека таквата политика се заканува да ги поткопа американските државни обврзници, што пак ќе има значително влијание врз јавниот долг.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Второодделенци со тупаници во ред за оброк – родителите бараат одговорност

Дејан Дејан

(Видео) Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Дејан Дејан

Денови на македонски кореографи – 20 години од „Јас, Исидора“, првата претстава на Малата сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе