Во тетовската болница синоќа биле нападнати две медицински лица од 23-годишен жител на Теарце додека му пружале лекарска помош.
Напаѓачот бил приведен и од тетовскиот Клинички центар е префрлен во полициската станица за да му биде поднесена пријава.
Дел од билтенот на МВР за овој случај:
На 13.04.2025 во 22.45 часот во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(23) од с.Теарце, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Б.М.(32) од Тетово и Ф.И.(21), вработени во Клиничка болница Тетово, додека му укажувале помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.