Вести Најважни Свет

Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

Се разгорува трговската војна меѓу САД и Кина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја зголемува царината на увозот од Кина на 125 проценти, нарекувајќи ја мерката одговор на „недостигот на почит“ од страна на Пекинг кон светските пазари.

Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп истакна дека за останатите земји кои, како што рече, покажале желба за преговори воведува 90-дневна „пауза“, за време на која царините ќе бидат симнати на 10 проценти.

Американските царини кон Кина досега се зголемуваа во неколку чекори: прво 20%, потоа 34%, па дополнителни 50%, достигнувајќи 104% пред новото зголемување на 125%.

Со ова се очекува да се зголеми тензијата во трговските односи меѓу двете најголеми економии во светот, додека останатите земји добиваат простор за дипломатски преговори.

Кина возврати на тарифите на Трамп, воведува царини за САД од 84 отсто

Кина воведе одмазднички тарифи од 84 отсто на целиот американски увоз, продлабочувајќи ја трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Ваквиот чекор доаѓа како одговор откако Трамп претходно постави царина од 104% за кинески стоки – но подоцна го зголеми тоа на дури 125%, наведувајќи го „непочитувањето“ од Кина како причина за неговата одлука.

Сепак, Трамп ги паузираше повисоките тарифи за другите земји, иако според најавите ќе биде воведена „универзална давачка од 10 отсто“.

Финансиските пазари во Азија пораснаа по веста за најавеното одложување, при што дел од експертите го оцени ова како големо олеснување.

Во САД, Волстрит оствари историски придобивки во средата по деновите на економски превирања. Трамп тврди дека САД се подготвени да склучат „фер договори“ со Кина и секоја друга земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение за телохранителот на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Путин најави дека Русија ќе му помогне на Иран

Дејан Дејан

ИНРМ: Глоба од 1.000 до 3.000 евра ако ЕВН не овозможи визуелен пристап до броило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе